Одредена група, меѓу нив за жал и свештеници на МПЦ-ОА, веќе подолго време на социјалните мрежи шири говор на омраза, навреди и клевети, особено, кон претставници на клирот на МПЦ-ОА, новинари, аналитичари и универзитетски професори, кои ќе напишат што било различно од тезата дека „спасот за МПЦ-ОА е во Русија“. Сите се прогласени за предавници, и врз нив се повикува на линч. Последен во низата такви ликови кои се расфрла со говор на омраза по социјалните мрежи е Тони Стефановски, портир во македонската Архиепископија.
Тоа е практично првиот човек со кој ќе се сртенете, заради неговиот опис на работното место, кога ќе влзете во Архиепископијата.
Прашањето кое се поставува е каква слика испраќа МПЦ-ОА за себе, кога портирот исправа Теологија, а истовремено шири етничка омраза на социјалните мрежи?
Дополнителни ако се разгледа неговиот фејсбук профил, воопшто не е тешко да се заклучи за неговата и политичка и верска идеологија. Во Архиепископоијата на МПЦ-ОА секојдневно влегуваат претставници на разни институции, разни политички провениенции, но и различни дипломати. Сите нив ги пречекува човек за кој Путин и неговата воена агресија во Украина е света војна на православието.
Галерија на ставови:







Веќе и да се насладуваме на оваа ваша беспомошност: до портирот во зградата на Архиепископијата ли стасавте? Ситно се чешла, нема што. Можеме да замислиме како изгледа Вашиот новинарски кодекс и идеја за слобода на говор и мислење! Ги има кои мислат дека Црквата е некој вид ропство, а Вие насекаде разгласивте дека е скапоцена слобода за сите Нејзини членови.