Српската заедница го чествува Свети Сава

Date:

Share post:

Српската заедница во Македонија го чествува Свети Сава, национален празник на Србите.

Претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Србија Александар Вучиќ вечерва ќе се обратат на Светосавската академија на која по 15. пат ќе се одбележи националниот празник на Србите, денот на просветителот Свети Сава.

Настанот е во организација на Српскиот културен центар во Скопје. Во поканата се наведува дека на настанот официјални обраќања ќе имаат официјални претставници од Македонија, Србија и Република Српска, како и дека со богата културна-уметничка програма ќе биде претставена културата, духовноста и традицијата на српскиот народ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ своето доаѓање во Скопје го најави уште во понеделникот на 22 јануари, кога учествуваше на самитот за Планот за раст на Западен Балкан, заедно со останатите лидери од регионот.

-За неколку дена повторно ќе дојдам во Северна Македонија. Ќе се одржи Академијата по повод Свети Сава, каде што јас и претседателот Стево Пендаревски ќе се обратиме пред претставниците на српскиот народ. Ќе бидеме гости на свечената академија, рече Вучиќ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј доби највисоко државно одликување од Романија

Највисокото државно одликување на Романија —„Огрдениот ѓердан на Орденот на Ѕвездата на Романија“ — му беше доделено на...

Полската црква иницира сеправославен собор

Синодот на Православната црква на Полска побара свикување на сеправославен Собор за решавање на отворените прашања во православниот...

Папата Лав за најавената средба со Вартоломеј – Еден Господ, една вера, едно крштевање

Ватикан објави дека фразата што го опфаќа подлабокото значење на претстојното патување на папата Лав XIV во Мала...

Вартоломеј во Анкара

Всленексиот патријарх Вартоломеј на покана од претседателот Реџеп Таип Ердоган е во Анкара, за денот на Републиката. -Во придружба...