Брегалничкиот митрополит Иларион бил гостин на Бугарската православна црква и за денот на преносот на моштите на Св. Јован Рилски, сослужувал во Рилскиот манастир.
Бил гостин на Епископот Адрианополски и Игумен на Рилскиот манастир Евлогиј, а со него служел и Митрополитот Видински Данило.
-На 01.07.2023 година, по повод празникот на преносот на моштите на Св. Јован Рилски, а на покана од Епископот Адрианополски и Игумен на Рилскиот манастир г. Евлогиј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион сослужуваше на Светата Архиерејска Богослужба, на која чиноначалствуваше Митрополитот Видински г. Данило, а сослужуваа и свештенослужители на БПЦ и МПЦ-ОА, во Рилскиот манастир, Бугарија. Светата Литургија беше збогатена и со прекрасното пеење на црковните хорови од Бугарија и Романија, објави Брегалничката епархија.