Комисија за верски заедници: Очекуваме во најскоро време Вселенскиот патријарх да го издаде томосот за автокефалност на МПЦ-ОА

Date:

Share post:

Комисијата за односи со верските заедници соопшти дека како надлежен државен орган за религиските прашања и односи, со особено внимание го следи понатамошниот развој на процесот на препознавањето на автокефалниот статус на нашата славна и древна Охридска архиепископија од православната екумена.

– Официјализирањето на соборските одлуки на Српската православна црква – Пеќска патријаршија и издавањето на адекватен акт предаден вчера при сослужувањето на двете сестрински цркви во храмот „Св. Архангел Михаил“ во Белград ја заслужува нашата почит, истиот го поздравуваме и го оценуваме како важен чекор кој ја претставува зрелоста, подготвеноста и достојноста на нашата света црква за автокефално достоинство-информира Комисијата за односи со верските заедници.

Воедно, стои во соопштението на Комисијата, тоа е чекор кој ги покажува надминатите управни прашања помеѓу двете цркви и чекор кој води кон крајната цел, посакувана од генерации и генерации наши православни верници и изразена преку едногласното барање на црквата и државата за издавање на официјален томос за автокефалност од надлежната инстанца во православната екумена, Вселенската патријаршија, претставена од првопрестолниот архиереј Неговата Сесветост архиепископот на Константинопол, Новиот Рим и вселенски патријарх Вартоломеј.

Комисијата ја нагласува важноста од очекуваното сослужување во седиштето на Вселенската патријаршија во Фанар, закажано за 12 јуни, со кое ќе се официјализира историски значајната одлука за признавање и прифаќање на Охридската архиепископија во литургиско и канонско единство, после неколку вековни искушенија за нашата древна народна црква.

– Изразуваме радост и надеж за тековниот развој на процесот, особено го истакнуваме очекувањето во поскоро време согласно неоспорливите надлежности и права Вселенскиот патријарх да го издаде томосот за автокефалност, со целосна важност и валидност, кој ќе придонесе во заштитата и унапредувањето на соборното православие, мир и единство-стои во соопштението на Комисијата за верски заедници.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нови можности за рекреација: Тоневски ја најави велосипедска патеката Пробиштип–Ратавица

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави изградба на нова велосипедска патека од Пробиштип до селото...

ВИДЕО: Ѓорѓиевски со екипите на терен: Акција за чистење на најкритичните локации во градот

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, утрово ја продолжи акцијата за чистење на главниот град, заедно...

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...