Во недела на 1 мај Македонската православна црква – Охрисдска Архиепископија ќе служи Молебен за мир во Украина и мир во светот.
Молебенот ќе биде отслужен по светата Литургија во храмовите на МПЦ-ОА, со благолслов на Архиепископот г.г. Стефан.
-Со благослов на Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, на 1 мај 2022 година, во градските и приградските храмови на Македонската Православна Црква, веднаш по светата Литургија ќе биде отслужен Молебен за мир во Украина и воопшто во светот. Го повикуваме верниот народ да се придружи на оваа заедничка молитва за мир, благосостојба и хармонија, стои во известувањето од МПЦ-ОА.