Верски календар: 02 Февруари
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Сретение Господово
Господ преку Мојсие на својот народ му дал правило, 41-от ден по породувањето, свештениците да ја благословат родилката, т.е. мајката. Носењето на децата во храмот било секојдневен обред, но во случајот со Исус станувало збор за случка која во Стариот завет ја прорекол пророкот Малахиј: “И одненадеж ќе дојде во својот храм Господ кој го барате и анѓелот на Сојузот по кој мечтаете”. Никој не помислувал дека тоа блескаво пророштво според надворешен облик, ќе биде така скромно испонето. Исус не го пречекале никакви свирки, никакви песни. Се поминало така тивко и незабележително. Тоа е стил на животот, стил на понизност и скромност.