Велигден се прославува во Австралија без мерки на ограничување

Date:

Share post:

Христијаните се доминантна религија во Австралија и нивната заедница сочинува 12 милиони луѓе, или 86 проценти од австралиските верници, според пописот во 2016 година.

Додека поголемиот дел од Европа е под силни мерки за контрола на коронавирусот, Австралијците го слават Велигден релативно неограничено, бидејќи државата не пријавила нови локални случаи на инфекција.

Квинсленд, во фокусот на неодамнешната локална епидемија, имал само еден случај на инфекција во последните три дена. Државата има најстроги ограничувања на јавните собири.

Во другите делови на земјата, Австралијците се собраа на плажите, сакајќи да го искористат топлото време или да се соберат во семејствата , спротивно од минатогодишните велигденски празници кога мораа да останат во своите домови поради затворањето на државата.

Додека другите земји воведоа нови ограничувања или ограничени услуги за време на големиот христијански празник во обид да го спречат ширењето на третиот бран, австралиските цркви беа отворени и многу верници присуствуваа на мисите за време на четиридневниот викенд.

Австралија е една од најуспешните земји во контролата на пандемијата, со брзо воведени карантини, затворање на границите и брзо следење на контактите, што резултира во ограничување на инфекцијата на нешто повеќе од 29.000 заразени и 909 жртви.

Државата, сепак, не ја исполни целта за вакцинација, не успеала да администрира 3,3 милиони дози во март, бидејќи државите и федералната влада си ја префрлаат вината едни на други.

Министерот за здравство Грег Хант рече дека земјата е на добар пат да осигури дека сите Австралијци кои сакаат да бидат вакцинирани, ја добиваат првата доза на вакцината до октомври

„Како што се зголеми снабдувањето со домашно производство на вакцини, така се зголеми и нивната примена“, рече тој.

Компанијата CSL започнала со производство на планираните 50 милиони дози вакцина AstraZeneca во Мелбурн во март и се очекува да ја користат повеќето Австралијци.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Руската православна црква воведува молитва против абортус: Целта е да ги „вразуми“ жените

Руската православна црква објави дека ќе воведе посебна молитва посветена на „вразумување“ на жените кои планираат абортус. Одлуката...

Гласаат изнемоштени, болни и лица на издржување казна

Денеска се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или...

Дали студентите го разнишаа тронот на Порфириј?

Српската православна црква постојано тврдеше дека не зазема ничија страна, но потоа видовме дека нејзиниот поглавар сепак се...

Во Букурешт на литургија спомнат Епифаниј, но не и Стефан

На 27 октомври 2025 година, во Букурешт (Романија), за време на заедничка литургија предводена од Вселенскиот патријарх Вартоломеј,...