Заев на ифтарска вечера: Да ѝ дадеме сила на нашата заедница, ние сме едно општество со различни вери

Date:

Share post:

За време на рамазанскиот пост да ја споменеме и да ѝ дадеме сила и на нашата заедница – Република Северна Македонија – една држава, едно општество на различни вери, изјави премиерот Зоран Заев, кој синоќа организираше ифтарска вечера.

На вечерата  присуствуваа претседателот на Собранието, Талат Џафери, пратеници во Собранието, поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи, министри во Владата, градоначалници од повеќе општини во нашата земја, ректори на државните универзитети, бизнисмени и претставници на стопанските комори, како и претставници на граѓанските организации.

По ифтарската вечера, премиерот Заев имаше свое обраќање пред присутните,  при што истакна дека ова е празнично време кога семејствата се собираат и се осврна на значењето на муслиманскиот празник.

„Рамазан е време на интензивна посветеност, саморефлексија и размислување. Време кога се извршуваат молитвите и се читаат сурите, поглавјата, кога се рецитираат ајетите, стиховите од светата книга – Куранот. Поглавјата и стиховите од  Куранот потсетуваат на принципите и на нашата должност за меѓусебно почитување, за залагање за правда, за напредок, толеранција и достоинство на сите луѓе. За време на светиот месец рамазан, се посветуваме на закрепнување на духот, на обновување на духовните сили и на волјата за да се усовршиме според божјите пораки“, рече Заев.

Тој додаде дека подвигот за време на постот и наградата за посветеноста, го помагаат унапредувањето на заедничките желби, меѓу кои да живееме во мир, да шириме добрина меѓу соседите и да ги јакнеме пријателствата.

„Со секој ифтар за време на рамазанскиот пост да ја споменеме и да ѝ дадеме сила и на нашата заедница, Република Северна Македонија. Една држава, едно општество на различни вери, кои меѓу себе живеат сложно и ја продолжуваат традицијата што ни е оставена да ја чуваме и да ја негуваме. Тоа е нашата цел. За нас и за нашите деца. На тој пат сме сите заедно. Нека е благословена оваа вечера и светиот месец Рамазан, и нека ве придружуваат мирот и спокојството за време на светиот пост“, изјави Заев во обраќањето пред присутните

/makfax

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...