Верски календар: 24 Јануари
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св.Фрањо Салешки.
Бил роден во 1567 година во Савоја. Кога одлучил да стане свештеник неговиот татко се противел, но потоа ја уважил одлуката. Како свештеник, Фрањо работел во покраината Каблаис, јужно од Женевското езеро, која им припаѓала на калвините. Калвините се одвоиле од Католичката црква во 16 век. Свети Фрањо успеал 70.000 луѓе да ги натера, да се вратат во Католичката црква. Имал генијални грижливи способности. Поради големите заслуги, станал Женевски бискуп. Бил надарен за пишување. Умрел во 1622 година, во 55 година од животот. Го нарекувале „светецот џенталмен“.