Самооправдување

Date:

Share post:

„И ете, стана еден законик и, искушувајќи Го, рече: ’Учителе, што да направам за да добијам живот вечен?‘ А Он му рече: ’Што е напишано во Законот? Како читаш?‘ Тој одговори и рече: ’Возљуби Го Господ, твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и со сите свои помисли; и својот ближен како себеси!‘ Му кажа, пак: ’Добро одговори; тоа прави го и ќе бидеш жив‘.Но тој, сакајќи да се оправда, Му рече на Исус: ’А кој е мојот ближен?‘“ (види: Лука 10, 25–29).

Страшна е потребата на човекот да се самооправдува; за мене, дури најпогубната појава од сите гревовни појави во човековиот душевен и ментален свет. Самооправдувањето е главна карактеристика на паднатиот човек, на неговиот паднат ум.

И самиот пад на човекот не се случи со земањето на забранетиот плод, туку токму со самооправдувањето: „жената, која Ти ми ја даде, ме прелажа“, како и: „змијата ме измами, и јас јадев“ (види: 1 Мој. 3, 12–13). Самооправдувањето, поврзано со осуда на другиот, а најчесто е така, е моментално отпаѓање од Бог.

Самооправдувањето го обесмислува целиот христијански психотерапевтски метод – петте контролни точки (ПКТ), преку кои се надминува секое можно искушение. Доколку го осудиш другиот, го оневозможуваш целиот психотерапевтски процес: не можеш ништо да прифатиш како дар Божји, не можеш да Му заблагодариш на Бог за сѐ, не можеш а да не покажеш дека си во искушение, и не можеш да го искористиш искушението како подлога за молитвено всебевраќање и преобразување.

Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек, одрекување од Божјата правда за себе и за светот, и воведување нов критериум – паднатиот човек и неговата правда кои се – ништо друго, туку враќање на злото со зло.

Самооправдувањето, поврзано со осудувањето на другите, е најпрепознатлив знак на духот на антихристот. Самооправдувањето е воведување на демонот како критериум на нашиот живот.

Самооправдувањето е привремен прекин на протокот на Божјата благодат во нас, додека осудувањето на другите е директно отпаѓање од Бог. Самооправдувањето е патот до пеколот и врата на вечниот пад.

Како, начелно, треба да постапуваме кога некој ќе нѐ опомене или укори поради некое наше дејство? Без оглед – дали е во право или не, првиот наш и единствен збор треба да биде „прости“, без никакво дополнително објаснување. Објаснување даваме само доколку тој што нѐ опоменал или укорил го побара тоа од нас. Објаснување без да е тоа побарано, го поништува зборот „прости“.

Пресвета Богородице, спаси нас!

Пишува: Митрополит Струмички Наум

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј доби највисоко државно одликување од Романија

Највисокото државно одликување на Романија —„Огрдениот ѓердан на Орденот на Ѕвездата на Романија“ — му беше доделено на...

Полската црква иницира сеправославен собор

Синодот на Православната црква на Полска побара свикување на сеправославен Собор за решавање на отворените прашања во православниот...

Папата Лав за најавената средба со Вартоломеј – Еден Господ, една вера, едно крштевање

Ватикан објави дека фразата што го опфаќа подлабокото значење на претстојното патување на папата Лав XIV во Мала...

Вартоломеј во Анкара

Всленексиот патријарх Вартоломеј на покана од претседателот Реџеп Таип Ердоган е во Анкара, за денот на Републиката. -Во придружба...