Борисов: Жалам што не успеавме да спасиме 11.000 Евреи

Date:

Share post:

Вистински се гордеам затоа што сум Бугарин – потомок на народ, кој застанал со морал, храброст и цврстина да ги заштити Евреите, изјави премиерот Бојко Борисов за време на комеморативна церемонија во Централната синагога  во Софија по повод 75-годишнината од спасението на бугарските Евреи за време на  Втората светска војна.

Борисов потенцираше дека Бугарија за време на Втората светска војна не ги депортирала       Евреите кои живееле на нејзина територија.

” Имаме спасено 48 000 Евреи, но не успеавме да спасиме 11 000. Жалам, но подвигот на бугарскиот народ не смее да се омаловажува поради тоа” изјави премиерот Борисов.

Тој го поздрави пријателството на Бугарија и Израел.

“Многу пати  сум бил во Израел. Вистински сум бил трогнат кога мали деца кои не знаат бугарски,  а се потомци- втора, трета и  четвртата генерација на спасени  Евреи од Бугарија, слушнале од мајките, бабите и дедовците што било на времето и како Бугарите ги спасиле “, рече Борисов.

Организацијата на Бугарските Евреи  по тој повод му го даде највисокото признание “Шалом” – “Шофар”

Во текот на војната,  11. 343 Евреи од Северна Грција и Македонија, кои биле под окупација на бугарската војска,   биле депортирани во логорот Треблинка.

Националниот фронт за спасение на Бугарија побара од премиерот Борисов да не се извинува за депортираните Евреи  од Македонија и Северна Грција бидејќи злочинот е направен под режимот на нацистичка Германија.

Борисов утре во Скопје ќе присуствува на одбележувањето на 75 години од холокаустот на македонските Евреи.

/BGNES

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...