Македонски монахињи им одговорија на хистеричните грчки владици

Date:

Share post:

Сестринството при Слепченскиот Претеченски манастир напиша неколку стихови посветени на свештениците и владиците од Грчката православна црква, кои деновиве секојдневно се на улица и протести против правото на идентификација на македонскиот народ.

-Христијанинот на злото со зло не враќа, он се моли за своите непријатели. Но секогаш ќе остане зачуден кога од оние од кои очекува да слушне зборови духовни, слушне зборови светски кои припаѓаат на самољубието и од него произлезената гордост, стои во образолжението на напишаните стихови, насловени како „Драма“.

Драма

Многуглаголиви говорници
повишиле гласови до небеси,
рашириле раце до немајкаде
мисли им одлутале во беспаќе.

Се собрале, се набрале,
не знаејќи што да прават со себе
откако на себе заборавиле
а на Бога не се сетиле
тргнале да се наситуваат
со ум надалеку да лутаат.

Драма запишуваат Ангелите
за човекот и неговата ненаситност
на тоа зачудени останаа демоните
каде се оди човекот и неговата гордост.

Земја им треба на луѓето
да прошират ниви и градини,
ширина им треба на безумието
за око ненаситно поголеми залаци.

Ако ги прашуваш
нема да знаат да одговорат,
ако за причина ги испитуваш
од објаснувања ќе се уморат,
а всушност, прошепоти Ангелот,
едни до други не научија да живеат
па така им одлетал погледот
на места каде страсти одлучиле да се прошират.

Моето мое е,
твоето мое е,
содржина е на оваа драма
за да причината нема мана
кога земјата ќе изнедри места лесни
кои ќе послужат за гробови пресни.

Крај нема човековата самотија
кога војна прифаќа со леснотија,
но не таа која поглед има кон Небото,
туку таква која не ја памети ни морето.

Заштити, спаси и сочувај
Боже со Твојата Благодат!

Повод: Протестот на ГПЦ

6 COMMENTS

  1. Ќе дојде време кога ќе ве убиваат и ќе мислат дека на Бога му угодуваат

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...

Кралот Чарлс испиша историја: Јавно се молеше со Папата Лав

По првпат по речиси 500 години, британскиот крал кој владее јавно се помоли со папата, симболично зачекорувајќи кон...

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...