Демонстранти го пречекаа Папата во Чиле, лути поради скандал со сексуална злоупотреба

Date:

Share post:

Папата Франциск пристигна во Чиле со намера да ги смири односите, додека демонстрантите се лути поради локалниот скандал за сексуална злоупотреба на деца и наводното соучество на Ватикан во заштитување на сторителот, пренесе Индепендент.

Католичките демонстранти се сѐ уште огорчени од назначувањето на епископот Хуан Барос како предводник на малата епархија на Осорно на југот на земјата од страна на папата во 2015 година.

Барос е обвинет дека го заштитувал својот поранешен ментор, отецот Фернандо Карадима, по истрагата на Ватикан во 2011 година која го прогласи за виновен за злоупотреба на тинејџери со години.

Карадима ги негираше обвинувањата и Барос тврди дека не знаел за какви било погрешни чекори.

И покрај долготрајната контроверзност, десетици илјадници луѓе извикуваа „Вива Папа Франциск“ на улиците на патот од аеродромот, каде што папата беше пречекан од претседателката Мишел Бачелет во Ватиканската амбасада.

Папата Франциск за време на својот прв говор во посетата на јужноамериканската земја ја изрази својата „болка“ и „срам“ за скандалите на сексуална злоупотреба на деца што ја потресоа црквата во Чиле.

„Не можам да започнам да ги искажувам болката и срамот што ги чувствувам поради непоправливата штета што им е нанесена на децата од страна на црковните министри“, рече тој.

„Мора напорно да работиме за да бидеме сигурни ова да не се повтори“, додаде тој, пренесе АФП.

/МКД.МК

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...