Бугарскиот патријарх Неофит и вселенскиот патријарх Вартоломеј утре ќе имаат средба во Истанбул, на која една од главните теми се очекува да биде одлуката на Бугарската православна црква да се ангажира во застапување пред помесните православни цркви за утврдување на канонскиот статус на македонската православна црква.
Двајцата ќе отслужат заедничка литургија во обновената бугарска црква „Свети Стефан”, позната како железната црква во Истанбул. Извори на БПЦ досега повеќепати посочија дека нивната одлука за МПЦ веќе и е позната на вселенската патријаршија.
Се очекува по божикните празници да продолжат разговорите на МПЦ со бугарската православна црква.

