Делегација од Стејт Департментот на средба со ИВЗ

Date:

Share post:

Висока делегација од Вашингтон и од Амбасадата на САД во Скопје била во посета на Исламската верска заедница.

Делегацијата составена од експерти со различен состав од Стејт департментот, разговарале со претседателот на Исламската верска заедница, Сулејман еф Реџепи, за активностите на ИВЗ, како и улогата на ИВЗ во организација на верскиот живот во Македонија. Една од темите била и спречувањето на појавите на екстремизам.

Во текот на разговорот, како што соопштува ИВЗ, акцент бил ставен на взаемната соработка и партнерство изградено помеѓу исламската заедница и Американската амбасада во Скопје, како еден од најблиските сојузници на ИВЗ во минатото.

Високата делегација од Вашингтон се сретнала и со истакнати имами од Скопје и Тетово, со кои разговарале за проблемите со кои се соочуваат.

-Треба да се напомене дека ИВЗ е една од првите институции во земјата и во регионот која  отворено ги осуди бесмислени војни на Блискиот Исток и застана во одбрана на младите муслимани и Муслиманска свест од опасноста од овие војни. Тоа беше првата институција која излезе со конкретен проект во овој проблем кој преедвидува процес на ресоцијализација, велат од ИВЗ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...