ТРАМП: Во духот на Рамазан, спротиставете се на тероризмот

Date:

Share post:

За муслиманите почнува месецот на постот, Рамазан. Во својата честитка, американскиот претседател, Доналд Трамп ги повика муслиманските верници да се спротистават на насилството во име на нивната религија.

Актите на насилство, како оние најновите,  терористичкиот напад врз поп-концерт во Манчестер и атентатот врз автобус полн со припадници на христијанското малцинство, Копти, извршен во Египет кој резултираше со 26 жртви, се во директна спротивност со духот на Рамазан, истакнува американскиот претседател Доналд Трамп во соопштението кое го објави Белата куќа по повод муслиманскиот празник.

Ваквите злодела, се вели натаму во пораката, „само ја зацврстуваат нашата решителност да извојуваме победа против терористите и нивната перверзна идеологија“.

Трамп уште при својата посета на Саудиска Арабија минатиот викенд апелираше до муслиманскиот свет на заедничка борба со Западот против исламистичкиот тероризам.

Во меѓувреме, британската полиција по терористичкиот напад во Манчестер уапси уште две сомнителни лица, а завчера повторно се вршени претреси на станови. Досега вкупно беа приведени 13 осомничени, од кои две лица се повторно пуштени на слобода.

22-годишниот Салман Абеди, атентаторот со либиско потекло, во понеделникот вечерта се разнесе на концертот на американската пејачка Аријана Гранде и уби 22 луѓе, меѓу кои и повеќе деца. Полицијата претпоставува дека зад нападот се крие цела терористичка мрежа.

/DW.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...