СПЦ не сака лезбејка за премиер на Србија

Date:

Share post:

Според пишувањата на српски Блиц, Српската православна црква (СПЦ) на сите начини се обидува да ја спречи можноста министерката за државна управа и локална самоуправа Ана Брнабиќ да стане нов премиер на земјата.

Освен министрите Ивица Дачиќ и Никола Селаковиќ и Брнабиќ исто така е кандидат за нов претседател на Владата, mеѓутоа, СПЦ се противи на тоа решение, поради тоа што како пишува весникот, актуелната министерка е лезбејка.

Извор на Блиц наведува дека евентуалниот избор на Брнабиќ е главна тема на секој состанок на црквените лидери, кои ја користат секоја можност тој проблем да го изнесат во разговорите со претставниците на власта во Белград.

Весникот наведува дека сегашниот премиер, кој наскоро ќе ја преземе функцијата претседател на државата, Александар Вучиќ, држи до мислењата на патријаршите и СПЦ, но дека овој пат тоа нема да биде пресудно. И самиот Вучиќ, потсетува Блиц, изјавил дека листата за идниот премиер е сведена на две-три имиња.

/МАКФАКС

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Пимен, Георгиј и архимандритот Гаврил служеа во Пјаченца, Италија

Митрополитите Пимен и Георгиј, заедно со архимандритот Гаврил од Австралсико-сиднејската епархија, отслужија литургија во Пјаченца, Италија. Сослужувањето е во...

Српската дијаспора со комеморации за жртвите од Нови Сад: Митрополитот Григорије меѓу присутните

Српската дијаспора ширум светот – од Европа и Северна Америка, преку Австралија, до Азија – денес организира синхронизирани...

Во Соборниот храм донесена честица од моштите на Свети Климент Римски

Честица од моштите на Свети Климент Папа Римски биле донесени во Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје. Моштите...

Скандал на Закинтос: Митрополит јавно понижи наставник поради облека во црква

Бура од реакции предизвика на грчкиот остров Закинтос јавното понижување на наставник и директор на училиште од страна...