Театар во чест на жртвите на тероризмот

Date:

Share post:

Претстава од позиција на жртвите во терористичките напади низ светот и од војната во Сирија.

Ова е концептот на камерната претставата „А, што потоа“, со која младите надежи на македонскиот театар, оддаваат почит кон нивните врсници, кои завршиле како колетарална штета на денешната глобална политика.

„Ја знаеме сите причината. Ги знаеме терористите, со нив се занимаваме цело време. Меѓутоа со другата страна никој не се заминава. Остануваат така заборавени. И сакавме малку да оддадеме почит“, вели режисерката Драгана Гунин.

За потребите на претставата, актерите заедно со режисерката Гунин го напишаа текстот. Користеа податоци за загинатите во повеќе терористички напади од минатата година, лични искуства од себе си, но и стихови од песната „Барбара“ од Жак Превер.

„Мојот лик е истрауматизиран од веќе претходните проблеми и пекол кој всушност се случил во животот, а не го чека после смртта. Па се соочува со тие прашања“, вели актерката Нина Максимова.

„Сме се запрашале, некогаш во животот сме се запрашале, што има понатаму? Што има после овој свет?“, вели актерот Бојан Лазаров.

Во претставата во која се мешаат документаризмот и метафизиката, вклучени се и видеа од крвавите терористички и воени дејства во Сирија. Затоа, таа не се препорачува за помлади од 14 години. Нејзиниот ангажман е длабоко хуманистички и пацифистички.

/ТЕЛМА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...