Бенедик наполни 90 години

Date:

Share post:

Папата во пензија, Бенедикт XVI наполни  90 години. Јубилејниот роденден оваа година се совпаѓа со Велигден. Тој се повлече од Светата столица, бидејќи веќе немаше сили да ги исполнува обврските на службата поради старост.

„Откако си направив критичка самоанализа пред Бога на неколку пати, стигнав до верувањето дека моите сили, поради напредната моја возраст, веќе не се доволни да го исполнувам адекватно служењето. Поради оваа причина и целосно свесен за сериозноста на тоа дејство, изјавувам целосно слободно дека се откажувам од службата на Римски епископ и наследник на Свети Петар“, изјави во јануари 2013 година, папата Бенедикт XVI.

Роден на 16 април 1927 година во скромно семејство на силно католичката Баварија во селцето Марктал ам Ин, Јозеф Рацингер влегува во 1939 година во семинарија. Истата година тој се запишува во Хитлерјугенд (нацистичката младинска организација), што било задолжително. Папата, кој ја осудувал „нечовечността“ на нацистичкиот режим, истакна дека ова пристапување се случило против негова волја.

Ракоположен за свештеник во 1951 година, Јозеф Рацингер стекнува реално пасторско искуство само од 1977 до 1981 година во Минхен. Предавал богословие во голем број германски универзитети, а потоа учествувал како експерт во Вториот ватикански собор (1962-1965 година). Тој ил меѓу најлибералните експерти.

За време на папскиот конклав во 1978 година, тој го запознава подобро идниот папа Јован Павле Втори, кој во ноември 1981 година му додели управување на Конгрегацијата за доктрината на верата.

Папата Бенедикт XVI работеше за „новата евангелизација“, но исто така се однесувал со почит кон неверниците.

Бенедикт XVI рашири и неколку полемики. Првата избувна во септември 2006 година и се спротивстави на муслиманскиот свет по неговиот говор за односите меѓу разумот и вера во Регенсбург. Во јануари 2009 година неговата одлука да ја поништи екскомуникацијата на четворица епископи интегристи, од кои едниот – Британецот Ричард Вилијамсон, кој го негира холокаустот, предизвика бурни реакции. Тој, сепак, редовно пројавувал почит кон муслиманите и особено кон Евреите.

/СТАНДАРД

1 COMMENT

  1. Господ да му дари долг век и силно здравје. Бенедикт 16. беше најдобриот папа после Јован 8.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...