Кога ќе бидат прогласени тројцата нови светители Јоаникј, Гаврил и Кипријан?

Date:

Share post:

Тројца нови светители ќе се вбројат во календарот на Македонската православна црква во јубилејната 50-та година од прогласувањето на нејзината автокефалност. Синодот на МПЦ-ОА, ги утврдил датумите за канонизација на Архимандритот Јоаникиј Ракотински, епископот Гаврил Велички (светогореоц) и на Кипријан Слепченски, пишува Религија.мк.

Првата канонизација ќе се случува во манастирот „Свети Јован Претеча“ во Демир Хисар на 30 април кога Игуменот Кипријан ќе биде впишан во календарот на МПЦ-ОА. Тоа практично нема да биде класична кнаноизација, туку прифаќање на неговото канонизирање од Бугарската православна црква и впишување во црковниот календар на МПЦ. МПЦ ќе подготви житие и сите пропратни елементи за славењето на светецот, бидејќи БПЦ веќе го има Кипријан Слепченски прогласено за светец.

GAVRIL 3Неполн месец подоцна на 28 мај, Архиереите на МПЦ ќе го прогласат за Светител епископот Гаврил Светогорец.

4А канонизацијата на Јоаникиј Ракотински е предвидена за 24 септември оваа година.

2 COMMENTS

  1. Кога свети Кипријан е канонизиран од БПЦ? Дајте да видиме на кој датум го слават, кој му составил служба или кој му насликал икона? Ако сакате да станете сериозен медиум проверувајте ги информациите. Ако, пак, претендирате за место помеѓу жолтиот печат, тогаш само продолжете вака. p.s. На расветлување на ликот и делото и вбројувањето на свети Кипријан Слепченски во диптихот на светителите работам од 2012 г. и да не бев христијанин ќе преземев поинакви мерки за оваа навреда на мојот труд од страна на вашата редакција.

    • Се слави во рамки на денот на сите бугарски светители во јуни месец… не е ставен како посебен ден од календарот на бугарската православна црква, но е внесен… проверете во книгите на бугарската православна црква за светителите… Ние како редакција ви нудиме опција за васе интервју за се сто сметате за Свети Кирпијан да се објави.. не постои никаква тенденција, едноставно вистина е дека БПЦ го има внесено во редот на свои светители, како и кога не знам.. Поздрав

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Џеј Ди Ванс предизвика дебата со изјава за конверзија на сопругата во христијанство

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс неодамна изјави дека се надева дека неговата Хинду сопруга некогаш ќе ја...

Ватиканот врати 62 артефакти на автохтоните народи од Канада

Ватиканот во саботата им ги врати на автохтоните народи од Канада 62 артефакти од својата етнографска колекција, меѓу...

Вартоломеј: Заедничкото чествување со папата Лав на Никеја е плод на екуменското отворање

Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја истакна важноста на заедничкото празнување на Првиот вселенски собор во Никеја со папата Лав...

Првиот повик на амбасадорката на САД во Грција бил до Архиепископот Јероним

Новата амбасадорка на САД во Грција ја продолжува американската политика на блиски односи со Грчката црква. Кимберли Гилфојл...