Во општина Ѓорче Петров светиот крст положен во Вардар и во Лепенец

Date:

Share post:

Голем број граѓани од општината Ѓорче Петров по повод  празникот Богојавление – Водици присуствуваа на положувањето на светиот крст во водите на реката Лепенец во село Волково и во водите на Вардар кај Железничкиот мост.

vodicigorceНа реката Лепенец од 13-те пријавени најбрзо до крстот стигна Александар Радушин од село Волково.

На брегот на реката Вардар, каде што е вториот настан во општината, неколку илјади граѓани од двете општини, Ѓорче Петров и Карпош, заеднички го прославија празникот, а свештениците од двете цркви – „Св Петар и Павле“ и „Св. Пантелејмон“ шести пат одржаа заедничка служба на Железничкиот мост во населбата Хром.

На овој настан учествуваа над 40 граѓани, а најбрзо до крстот во водите на Вардар стигна Марјан Чиликовски.

– Општината, како покровител и на двата настана, за најсреќните обезбеди и пригодни подароци. Нови кумови на прославувањето на христијанскиот празник Богојавленије – Водици за наредната година се Гоце Петрески, претседател на Советот на општината Ѓорче Петров,  и Методи Наковски, директор на ООУ „Страшо Пинџур“, соопшти Општина Ѓорче Петров.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...