Научна средба за Св. Климент Охридски по повод патронатот на НУБ

Date:

Share post:

Делото на Свети Климент е најчистиот кладенец од кој нашиот род веќе 11 векови ја обликува својата духовност и црпи благодатни сили.

Ова денеска го истакна директорот на НУБ „Св.Климент Охридски“-Скопје, Иван К.Заров пред почетокот на 9. Научна средба на тема „Свети Климент Охридски – 1100 години духовен светилник“, организирана по повод патрониот празник на Библиотеката.

133472121Посочи дека во оваа јубилејна година кога ја чествуваат 1100-годишнината од упокојувањето на Св.Климент Охридски не може, а да не ја подвлече онтолошката нишка со која ние неговите потомци и следбеници кореспондираме со неговиот духовен завет, обликувајќи го сопствениот светоглед и однос кон традицијата преку никогаш непрекинатиот духовен дијалог со минатото кој е секогаш актуелен и отворен за современа интерпретација.

– Во тој дух е и годинешната дветта научна средба во која се вклучени трудови од наши еминентни интелектуалци кои од различен дискус разгледуваат аспекти на Светиклиментовото дело кое верувам ќе поттикнат и разјаснат некои не до крај дефинирани аспекти поврзани со неговото дело, додаде Заров.

Ѓакон Дејан Борисов рече дека Свети Климент е примерот кој ние треба да го следиме и треба на нашите поколенија да го пренесеме како што тој ни го пренел нам преку пример.

На научната средба учествуваа професори и познавачи на делото на големиот просветител: Стојан Ристески, Елизабета Димитрова, Ѓоко Ѓорѓевски, Милош Линдро и Ана Ѓорѓевиќ.

Во рамки на свеченоста беше отворена и изложба на избрани публикации со текстови од св. Климент Охридски и книги и статии посветени на неговото творештво објавени во Македонија и странство, заедно со неколку уметнички дела на кои е претставен неговиот лик.

Во рамки на програмата за одбележување на патронатот настапи Византискиот женски црковен хор од црквата „Св. Петка“ во Скопје. Како и во минатите години, по повод патронатот беа доделени и традиционалните награди за вработените и беше положено цвеќе на споменикот на свети Климент Охридски во дворот на библиотеката.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...