Викиликс открива дека и Папата знае за „нашите браќа“ во вселената

Date:

Share post:

Од украдената електроска пошта може да се заклучи дека и во Ватикан знаат по нешто за животот на вонземјаните. Откако кон крајот на минатата недела Викиликс објави нова електронска пошта, наводно „отуѓена“ од Џон Подеста, прв човек на претседателската кампања на Хилари Клинтон, заедницата која верува во постоењето вонземјани, силно се возбуди поради неколкуте реченици што кон Подеста ги упатил Едгар Мичел. Астронаутот на вселенска мисија Аполо 14, наводно, недвосмислено навел дека е свесен за постоењето вонземјани, но истовремено наговестил дека за „нашите браќа“ во вселената знаат и во Ватикан.

vikiliks-5„Нашите ненасилни вонземјани ни помагаат да ја донесеме енергијата на Земјата на нулта точка и нема да толерираат какви било војни судири, како на Земјата, така и во вселената“, напишал Мичел во еден мејл, а во друг нареден мејл споменува дека колешката Тери Мансфилд требала да го информира Подеста за се што во Ватикан знаат за вонземјаните. Мичел упатил и неколку писма до Подеста, но не е познато дали овој му одговорил.

Едгар Мичел, кој почина пред неколку месеци, е шестиот човек кој стапнал на месечината, а во текот на својот живот неколкупати отворено зборувал за тоа како е убеден дека многубројни видени НЛО, навистина припаѓаат на посетителите од други планети. Тој во повеќе наврати ги обвинил влијателните светски влади дека ја кријат вистината од човештвото, а во една прилика дури рекол дека вонземјаните се заслужни што Студената војна не се претворила во Трета светска војна.

/ПЛУСИНФО

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нови можности за рекреација: Тоневски ја најави велосипедска патеката Пробиштип–Ратавица

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави изградба на нова велосипедска патека од Пробиштип до селото...

ВИДЕО: Ѓорѓиевски со екипите на терен: Акција за чистење на најкритичните локации во градот

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, утрово ја продолжи акцијата за чистење на главниот град, заедно...

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...