Почетна Верски туризам Кратово вложува во манастирски туризам

Кратово вложува во манастирски туризам

322
0

Верскиот туризам станува значајна гранка на алтернативниот туризам во Кратово. Се поголем број верници, домашни но и странски, ги посетуваат црквите „Свети Јован“, „Свети Никола“ и „Свети Ѓорѓи Кратовски“, а расте интересот кај туристите и за манастирите во околината на Кратово.

turizamЛокалната самоуправа и градоначалникот Мте Андоновски интензивно работат на развојот на манастирскиот туризам, па така деновиве беа пуштени во употреба конаците во манастирот „Света Петка“ во планинското село Каврак. Овој манастир последниве години привлекува се повеќе гости, а отсега ќе може да понуди и престој и преспивање за верниците.

Конаците се изградени со донација од Холандската амбасада, Швајцарската агенција за развој и средства од општината Кратово. Голем придонес во изградбата на конаците имаат и жените од Социјалистичката партија, кои обезбедија неколку днации од хумани граѓани.

/СИТЕЛ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *