ДИМИТРИЕВ: Почитување на вредностите кои го чуваат единството

Date:

Share post:

Претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев упати честитка до претседателот на Еврејската заедница во Македонија и до припадниците на еврејската заедница во која им ја честита еврејската Нова година – Рош Хасана.

dimitriev slika– Празнувањето и одбележувањето на деновите кои се поврзани со идентитетот, секогаш и секаде претставуваат симбол на припадноста и себеидентификацијата на еден народ, што претставува едно од основните човекови права. Почитувањето на ваквите денови во Република Македонија претставува значајна вредност на нашата држава и афирмација на меѓусебното разбирање помеѓу нашите граѓани. Тоа се вредности кои го чуваат нашето единство и го осветлуваат патот на нашата иднината, вели Димитриев во честитката.

Во оваа насока, додава Димитриев, Ви ја честитам новата година и Ви посакувам се што е позитивно и се што носи радост и среќа, а што не се случило во изминатата година, да Ви се случи оваа година. Воедно, Ви посакувам мир и спокој во секој од Вашите семејства и нека Вашите животи ги води љубовта, добрата мисла и добрите дела.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...