ВМРО-ДПМНЕ: Да покажеме меѓусебна почит и разбирање

Date:

Share post:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на сите Македонци, Албанци, Турци, Роми, Бошњаци и на сите останати граѓани од исламска вероисповест во Република Македонија им го честита големиот муслимански празник Курбан Бајрам.

vmro dpmne– Ова е денот кога ги зацврстуваме и истакнуваме вредностите на толеранција, заедништво и хуманост, но и кога ги одржуваме и унапредуваме човечките и меѓукултурните односи кај луѓето. Ова е денот кога обединети и со заеднички сили покажуваме меѓусебно почитување на верските разлики и упатуваме силна порака дека заедно можеме да градиме цврсти врски на соживот и меѓусебно разбирање бидејќи само така ќе успееме да создадеме вредности кои ќе дадат огромен придонес за развој и просперитет на нашата држава, се вели во честитката.

Во духот на овие вредности, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на сите припадници од исламска вероисповест во Република Македонија им го честита големиот празник Курбан Бајрам и им посакува овие празнични мигови да ги поминат во радост, спокој и хармонија во кругот на своите семејства.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...