Почетна Вера Турскиот амбасадор на централната Барјамска молитва во Мустафа-пашината џамија во Скопје
Турскиот амбасадор на централната Барјамска молитва во Мустафа-пашината џамија во Скопје

Турскиот амбасадор на централната Барјамска молитва во Мустафа-пашината џамија во Скопје

88
0

Поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи ја предводеше утринска централна Бајрам-намаз молитва за големиот муслимански празник во Мустафа-пашината џамија во Скопје.

На читањето на Куранот и интерпретацијата на илахии присуствуваше и турскиот амбасадор во Македонија Омур Шолендил.

molitva-mustafa-pasaВо обраќањето во име на претседателот на ИВЗ, кое го читаше ученикот од средното верско училиште, медресата „Иса Бег” од Скопје, Орхан Зендели, доминираа пораките за мир,солидарност и љубов меѓу луѓето.

-Драги верници, кога ќе се вратите од џамиите во своите домови, прегрнете се, отстранете ги сите инаети и непријатности. Пружете ја раката на својот брат и раката на помош давајќи на сиромашниот и нека владее само искрената љубов на едни кон други, затоа што само така ќе ги исполните пораките на нашиот Создавател”, беше пораката на поглаварот на ИВЗ Сулејман ефенди Реџепи.

Молитви за Курбан Бајрам имаше во сите џамии во Македонија. А покрај во Македонија, големиот муслимански празник се одбележува и во другите градови во регионот.

molitva-tiranaИлјаднци муслимански верници утрово се собраа во главниот град на Албанија, Тирана, на Булеварот на народните херои каде се одржа централната манифестација по повод Курбан Бајрам, додека во Приштина, главниот град на Косово, централната манифестација се одржа во Големата џамија во присуство на голем број верници.

По утринската молитва, верниците се посетуваат меѓусебно честитајќи го празникот, а оние кои имаат обезбедено курбан, ќе го поделат на оние за кои го намениле.

/А.А

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *