Претседателот на СДСМ Зоран Заев во чест на големиот празник Курбан Бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис ул улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи и до сите граѓани кои го празнуваат.
– Духовната сила што ја носи овој голем празник нека биде силен поттик за секого, посилен од секогаш, да застане зад вредностите што го отвораат патот кон мирен, безбеден, среќен, достоинствен живот, стои во честитката во која додава дека тоа е сочувството, љубовта, мудроста, трпението, меѓусебното разбирање и толеранцијата, се вели во честитката.
Искушенијата пред коишто сме исправени, стои во честитката, испраќаат порака дека е неопходно попосветено да се насочиме кон заедничкото добро.
– Да не стоиме настрана. Да извлече максимум од себе и да дејствуваме. Потребни сме си себе си. Потребни сме им на нашите деца. Потребни сме и на нашата заедница. Потребни сме и на државата. Оваа е лична мисија на секој човек. Од нејзиното исполнување зависи личната и колективната среќа. Да продолжиме заедно да создаваме општество на задоволни граѓани, наведува лидерот на СДСМ во честитката испратена од свое лично име и од име на СДСМ.
/МИА

