Почетна Вера ГРУЕВСКИ: Соживотот и толеранцијата е наш аманет
ГРУЕВСКИ: Соживотот и толеранцијата е наш аманет

ГРУЕВСКИ: Соживотот и толеранцијата е наш аманет

58
0

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска по повод празникот Курбан Бајрам испрати честитка до поглаварот на Исламската заедница во Република Македонија Реис ул улема, хаџи Сулејман Ефенди Реџепи и до сите верници од исламската вероисповед.

Nikola-Gruevski-VMRO-DPMNE– Македонија е земја во која различностите на вери и култури се нашето најголемо богатство. Со векови сме развивале соживот и толеранција, и тоа е наш аманет кој треба да го оставиме за сите идни генерации да продолжат да го негуваат. Тоа се нашите основни вредности и наша традиција, односно нашиот несомнено огромен придонес кон глобалното општество кое заеднички го градиме и во кое сите живееме. Почитта кон другиот води кон разбирање на неговите чувства и традиции. Ова е клучот на нашата заедничка мисија, во градењето просперитет и благосостојба за сите граѓани на нашата Република Македонија, вели Груевски во честитката.

Духот на солидарноста, кој е симбол на овој празник, додава тој, нека ги води сите верници и оваа година и нека биде поттик кон добри дела како кон блиските, така и кон соседите, непознатите, посиромашните и болните.

– Духовните вредности кои секоја вера ги има се столбот кон градењето еден подобар свет, бидејќи тие се и универзални вредности. Нека празничните мигови, Вие, нашите сограѓани муслимани ги поминете во хармонија, добра мисла и споделување со луѓето кои ве опкружуваат. Добрите дела не познаваат разлики, туку се израз на сплотеност и заедништво, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во честитката упатена по повод празникот Курбан Бајрам.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *