Верски календар: 23 Август
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Ружа Лимска.
Била родена во Перу, во 1568 година. Секој светец има своја каризма на која Духот Божји го потикнува. Нејзините родители сакале таа да се омажи за некое момче. Сепак, Ружа го избрала Исус Христос на кој цел живот му служела. За да го спречи одржувањето на венчавката, Ружа облекла покорнички фустан и ја скратила косата. За време на својот живот таа им помагала на сиромашните луѓе. Света Ружа Лимска умрела во 1617 година.

