СКАНДАЛ ВО ЦЕРН: Во истражувачкиот центар снимено сатанистички ритуал (ВИДЕО)

Date:

Share post:

Местото каде што е откриена т.н. „Божја честичка“ се претвори во сцена на монструозен настан. Имено, на интернет се појави снимка на која, наводно, се гледа принесување на човечка жртва на тревникот пред зградата на ЦЕРН.

Европскиот центар за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) започна истрага откако видеото се појави на интернет. На истото е прикажан ритуал на принесување човечка жртва во дворот на комплексот, во кој се наоѓа и забрзувачот на честички (Големиот хадронски судирач), што пак се користи за истражувања во областа на квантната физика. Снимката е направена навечер, што покрена прашања за нивото на обезбедување на објектот.

ajajjaНа снимката се гледаат неколку луѓе облечени во црни наметки со качулки, кои вршат ритуал пред статуата на божицата Шива во дворот на ЦЕРН, во близина на француско-швајцарската граница, недалеку од Женева.

– Видеото е дефинитивно снимено во дворот на комплексот, но тоа се случило без наше знаење и дозвола – изјави портпаролот на ЦЕРН, додавајќи дека центарот започнал истрага.

Инаку, светските медиуми овој исцениран настан го препишуваат на лошата смисла за хумор на некои од научниците вработени во центарот. Досега никој не презел одговорност за случката, која многумина ја оквалификуваа како невкусен обид да се создаде паника.

Во продолжение, видеото:

1 COMMENT

  1. А што бара статуа на Шива во дворот на еден истражувачки центар?

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...