СПЦ почна со двојните игри. Иринеј Буловиќ бара прекин на Соборот

Date:

Share post:

Делегацијата на Српската православна црква по се изгледа на Светиот и Голем Собор на Крит ќе ја игра добро познатата тактика на „добар и лош полицаец“. Ако Патријархот Иринеј е оној кој ќе ја држи конструктивната и „умерена“ страна и на стартот на СОборот предложи да бидат поканети и останатите поглавари, Бачкиот епсикоп Иринеј Буловиќ ќе биде саботер на Соборот.

Irinej srpskiТој веќе на првата средба денеска предложил Соборот да биде прекинат се додека не се обезбеди учество на Руската Православна црква, јавуваат новински агенции

-Руската православна црква е најбројна и Соборот не треба да продолжи без нејзино учество, предложил Бачкиот епископ Иринеј.

Тој деновиве во српските медиуми беше обвинуван дека со помош на РПЦ се обидел да изврши пуч во Српската патријаршија и да спречи нејзино учество на Соборот. Намерата за пуч ја спречил Јован Вранишковски, кој за тоа го известил Српскиот Патријарх Иринеј.

Irinej bulovicПоделбата во СПЦ е очигледна, но деновите на Соборот ќе покажат дали таа е реална или фингирана, со цел СПЦ да се позиционира на две столици и на овој Собор да изигрува црква која ќе ги помирува Цариград и Москва.

/РЕЛИГИЈА.МК

2 COMMENTS

  1. Na vakvata situacija samo papata zadovolno trla race, , pa i muslimanite i site nepravoslavni.

  2. Како лажите…Све ова шо го изнесовте е една голема лаж.Друг пат пред да изнесите лаги,
    поубо почекајте или проверите шо изнесвите.Со Господа ми останите,

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...