40 години Православен Богословски факултет

Date:

Share post:

За 40 години од постоењето на Богословскиот факултет се соочивме со негирања и условувања од нашите браќа од север. Тие дури го условуваа учеството на нивниот Богословски факултет на разни средби во случај на наше присуство- рече во својот говор архиепископот Г.Г. Стефан на чествувањето од формирањето на Богословскиот факултет. 77-та, рече архиепископот, со радост прозвучи веста за отворањето на овој факултет, но во Србија само еден професор се одважи да го поздрави почетокот. Останатите не игнорираа.

Сега статусот придружна членка на УКИМ е добар, но недоволен- нагласи Г.Г. Стефан. На Богословскиот факултет потребни се кадровски проширувања, нов објект, но и студентски дом. Недостасува соодветен третман како од членовите на Синодот, така и од државните институции- смета архиепископот охридски и македонски.

Во своето четири децениско постоење, Богословскиот факултет изнедрил над 400 дипломирани теолози. За залагањата за успешен факултет, благодарници добија архиепископот Г.Г. Стефан, владиката Тимотеј и ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски.

Инаку денеска на Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје и Православен богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, орагнизираа научен собир за јубилејот 40 години од основањето на факутетот  и 50 години од возобновувањето на Макеоднската православна црква – Охридска архиепископија. Темата на научниот собир беше преданија и мисија, на која истакнати теолози зборуваа за христијанството во Македонија и просветителската дејност на значајни црковни личности.

/МТВ- Миле Ристевски

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нови можности за рекреација: Тоневски ја најави велосипедска патеката Пробиштип–Ратавица

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави изградба на нова велосипедска патека од Пробиштип до селото...

ВИДЕО: Ѓорѓиевски со екипите на терен: Акција за чистење на најкритичните локации во градот

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, утрово ја продолжи акцијата за чистење на главниот град, заедно...

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...