Заев и Борисов заеднички ќе се поклонат на гробот на Свети Кирил во Рим

Date:

Share post:

Премиерот Зоран Заев со делегација на владини претставници, како и претставници од Македонската православна црква и Римокатоличката Црква во Македонија, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Италија и Светата Столица по повод манифестацијата „Македонија во чест на св. Кирил“.

Како што соопшти владината прес служба, денеска, премиерот Заев и делегацијата ќе пристигнат во Базиликата „Свети Климент“ на молебен. Во оваа Базилика, македонската и бугарската владина делегација заедно ќе положат цвеќе на гробот на св.Кирил.

Македонската делегација ќе положи венци цвеќе и на споменикот св. Кирил и Методиј во Амбасадата на Бугарија, каде што ќе има и заеднички ручек на премиерите на двете земји Зоран Заев и Бојко Борисов.

Премиерот Заев утре ќе присуствува на Аудиенција кај папата Франциск, а потоа премиерот Заев ќе се сретне со државниот секретар на Светата Столица, кардинал Пјетро Паролин. Попладне, македонската и бугарската владина делегација ќе присуствуваат на отворање на заедничка културно – уметничка програма, организирана од министерствата за култура на двете земји.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img