Владиката Петар се расплака на роденденот во Битола

Date:

Share post:

Голем позлатен крст од Архиепископот Стефан, икона на Свети Климент од епископот Климент и жезол од свештениците и верниците на преспанско-пелагониската епархија, доби Владиката г. Петар за својот 70-ти роденден и  35 години епархиска дејност.

Јубилејните настани беа одбележани со свечена богослужба во Битола со која чиноначелствуваше поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан во сослужение на Епископот Хераклејски Климент и Владиката Петар како домаќин, кој покажал многу емоции примајќи ги подароците. Како што објавуваат медиумите, Владиката Петар со солзи во очите, рекол дека ова е прв роденден што го слави.

-Откако бев избран за владика, оттогаш на некој начин почнаа и страдањата, почнаа и искушенијата. Секогаш размислував не дали ќе им угодам на граѓаните, туку дали ќе му угодам на Бога. Затоа некои ме критикуваат. Ако некој најмногу е напаѓан тоа сум ја, благодарам на Бога ако поради него тоа го поднесувам, ако не, ако е поради гордоста, тогаш тешко мене“, рекол владиката Петар.

На прославата биле присутни и претставници од Руската амбасада во Скопје, Деканот на Православниот Богословски Факултет, Ѓоко Ѓорѓевски, Продеканот Петко Златески, како и градоначалниците Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Новаци.

ГАЛЕРИЈА:

2 COMMENTS

  1. Од ГГ Стефан добил добри поклони поради тоа штотој сака да го одоброволи да се смилува да ја потпише одлуката за ноговиот избор за поглавар, која сеуште ја нема потпишано. А не наведувата што добил од Јован Вранишковски, оти тој е негово духовно чедо

  2. Namesto da bide izbrkan od crkvata, a tie vidi ironija —se zaebavaat so vernicite — go odlikuvaat. Ova e sistemot.magare magare česa.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...

Кралот Чарлс испиша историја: Јавно се молеше со Папата Лав

По првпат по речиси 500 години, британскиот крал кој владее јавно се помоли со папата, симболично зачекорувајќи кон...

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...