Владиката Јосиф му се заблагодари на амбасадорот Шчербак за Рускиот крст

Date:

Share post:

Тетовско-гостиварската епархија на МПЦ и надлежниот архиереј, владиката г. Јосиф и се заблагодарија на руската амбасада и амбасадорот Олег Шчербак за вложените напори за поставувањето на „Рускиот крст“ во Лешочкиот манастир и присуството на руската црковна делегација за неговото осветување.

image-0-02-05-a6f816f597e8c8923159dad2bd43c6122c0911bb18e702d4be30c19747f0e5cb-vМитрополитот Јосиф, во писмото испратено до амбасадорот Шчербак пишува дека поставувањето на овој крст е благородно дело кое по својата големина има историски и цивилизациски вредности, но пред се духовни.

-Поставувањето на спомен обележјето „Руски крст“ во Лешочкиот манастирски комплекс, во чест на Валаамските монаси, кои гонети од безбожието и репресиите, свое прибежиште нашле во Македонија и македонскиот духовен простор, е сведок, но истовремено и влог, за силните духовни и културни врски меѓу двата братски народи – македонскиот и рускиот. По благоволието Божјо, нека овој симбол на мирот и победата над смртта, стане светиња која ќе ја посетуваат и каде што молитви и чест ќе искажуваат бројни поклоници, како од Македонија, така и од Руската Федерација, пишува во писмото митрополитот г. Јосиф во писмото до рускиот амбасадор.

/РЕЛИГИЈА.МК

2 COMMENTS

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img