Во деновите на велигденскиот пост, честопати се разменуваат рецепти за посна храна. Религија.мк, следниот период ќе се обиде да ви презентира неколку идеи што вкусно да подготвите дома, а да не го нарушите постот, секако ако сте се одлучиле да постите.
Потребни состојки
400 грама тестенини (макарони, шпагети..) без јајца
200 грама саламурени печурки
Буковец
Зачин
Кечап
Начин на подготовка
Во сад за варење ставете вода малку сол. Откако ќе зоврие водата, ставете ги тестенините да се варат. По извесно време додадете зачини по избор и вегета. Тестенините продолжуваат да се варат додека не омекнат.
Прецадете ја течноста и тестенините вратете ги повторно во садот, додадете 50 грама растителен путер (маргарин) и промешајте… По две минути во тестенините додадете ги саламурените печурки ситно исечкани, а потоа додадете и три лажици кечап.
Пред крај посолете со пикантен буковец, промешајте уште една минута, а потоа сервирајте…
Добар пост

