Вештачката интелигенција влезе во Црквата – во Швајцарија може да исповедате преку ВИ

Date:

Share post:

Најстарата црква во швајцарскиот град Луцерн привлекува внимание ширум светот откако во исповедалницата инсталираше вештачка интелигенција со лик на Исус, способна да води разговори на дури 100 јазици.

Проектот, наречен „Deus in Machina“, беше лансиран како експеримент во соработка со локална универзитетска истражувачка лабораторија за имерзивна реалност. По неколку проекти со виртуелна и проширена реалност, црквата решила следниот чекор да биде дигитален аватар.

-Сакаме да видиме како луѓето реагираат на ВИ-Исус. За што би разговарале со него? Дали воопшто би имало интерес? Во одредена смисла, ние сме пионери, вели теологот Марко Шмид од Петерскапел.

Поради ограничениот простор и потребата за приватност, свештеникот бил привремено заменет со компјутер во исповедалницата. Посетителите поставувале прашања до дигиталниот Исус, кој одговарал во реално време, користејќи вештачка интелигенција обучена со теолошки текстови.

Црквата јасно предупредувала дека ова не е исповед и дека корисниците не треба да споделуваат лични податоци, туку дека разговараат со аватар на сопствен ризик.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img