Вартоломеј и Даниил денеска заедно ќе служат во Рилскиот манастир, откако вчера учествуваа на богослужбата во Софија

Date:

Share post:

Вселенскиот патријарх Вартоломеј и бугарскиот патријарх Даниил денеска, 19 октомври, ќе служат заедничка патријаршиска Света Литургија во Рилскиот манастир, во рамките на одбележувањето на 1150 години од раѓањето и 1080 години од упокојувањето на свети Јован Рилски. Богослужбата, закажана за 9 часот, е централниот настан од тридневната посета на Вселенскиот патријарх на Бугарија.

Вчера, на 18 октомври, двајцата патријарси учествуваа во свечената архиерејска Литургија во патријаршиската катедрала „Свети Александар Невски“ во Софија. Според официјалната програма на Бугарската патријаршија, двајцата предстојатели требаше да земат молитвено учество во богослужбата, додека Литургијата ја предводеше митрополитот Варнава, во сослужение со други бугарски архиереи и свештеници.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј порача дека светот има исклучителна потреба од мир и дека двајцата предстојатели ќе се молат за мирот во светот и за единството на Црквите. Тој изрази радост од посетата и ги истакна братските односи со бугарскиот патријарх Даниил.

Даниил, од своја страна, нагласи дека разликите треба да се надминуваат преку дијалог, а не преку спротивставување. Тој посочи дека почитта кон свети Јован Рилски ги обединува верниците во Бугарија и поширокиот православен свет.

СПЖ објави дека нема да има сослужување

Во пресрет на посетата, порталот на Сојузот на православни новинари (СПЖ) објави текст со наслов „Патријарх Вартоломеј нема да сослужува со бугарскиот предстојател“, повикувајќи се на свои извори во Бугарија. Во објавата се тврдеше дека Вселенскиот патријарх нема да сослужува со патријархот Даниил за време на посетата.

Меѓутоа, официјалната програма на Бугарската патријаршија јасно прави разлика меѓу вчерашната Литургија во Софија, на која двајцата патријарси учествуваа молитвено, и денешната Литургија во Рилскиот манастир, на која е предвидено нивно заедничко сослужување.

Нејзиното пласирање се вклопува во поширокиот информациски наратив што го проблематизира односот на Вселенската патријаршија со другите помесни православни цркви — тема што често се користи и во руските црковно-политички пропагандни кампањи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img