Празникот Свети Ѓорѓи Кратовски, годинава наместо на 24 февруари, ќе се слави, два дена порано на 22 февруари. Ваква одлука донел Синодот на МПЦ-ОА, бидејќи годинава традиционалното чествување на овој светител се паѓа во периодот на Великиот Велигденски пост.
Бидејќи одов празник има големо значење кај македонскиот народ, кој се прославува со свечености и народни прослави, Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, согласно црковниот календар и типикот, со одлука донесена на седница, го преместува неговото празнување на 22 февруари 2026 година (недела).
-Причината за ова поместување е тоа што празникот се паѓа во првата седмица од Великиот пост, кога не се дозволени свечености и народни прослави. Одбележувањето на празникот ќе се изврши на наведениот датум со соодветен богослужбен поредок. Верниците се повикуваат да го почитуваат овој распоред и да учествуваат во празнувањето согласно црковната традиција, стои во објавата на општина Кратово, чиј светител е покровител на градот.

