Во селото Кучково, во топла и достоинствена атмосфера, традиционално беше одбележан празникот Св. Трифун, симбол на благословот, плодноста и заедништвото. Настанот ги собра верниците и пријателите кои заедно го прославија празникот со искрена радост и почит кон обичаите.
На свечената литургија чиноначалствуваше Владиката Јосиф, а меѓу присутните беше и градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, кој со своето присуство даде дополнителна поддршка и значење на празничниот ден.
Прославата помина во духот на традицијата, духовноста и пријателството, уште еднаш потсетувајќи колку е важно да се негуваат заедничките вредности и културното наследство.

