Српскиот патријарх ќе ја води службата на обединување во Света Софија

Date:

Share post:

В понеделник на петти јуни, Духовден во црквата Света Софија во Охрид и официјално МПЦ-ОА и ПОА ќе се обединат во една црква, односно четирите владици на ПОА, задно со свештениците ќе се вратат во МПЦ-ОА.

Според информациите на Религија.мк, на заедничката Богослужба, со која ќе чиноначалствува Патријархот Порфириј, од ПОА ќе служи само, сега веќе, Дељадровско-илинденскиот епископ Јоаким, останатите владици во службата ќе учествуваат молитвено.

На Патријархот Порфириј ќе му сослужуваат Архиепископот г.г. Стефан и тројцата владици на МПЦ-ОА кои отстапуваат делови од своите епархии за новите владици. Преспанско-пелагонискиот г. Петар, Кумановско-осоговскиот г. Григориј и Брегалничкиот г. Иларион. Со нив ќе служи и Дебарско-кичевскиот г. Тимотеј, како домаќин.

Од страна на СПЦ, гости ќе бидат Морачкиот епископ Сава и топличкиот Петар.

Целиот настан ќе биде пренесуван во живо на државната телевизија МТВ.

Враќањето на ПОА во МПЦ-ОА ќе финишира со заеднички ручек во Хотелот Изгрев во Струга.

2 COMMENTS

    • Па да речеме во седиштето на новата епархија Дељардовце. Ама сепак проблем ќе е. Таму мислам дека нема интернет сигнал. А може нема ни сигнал за мобилна телефонија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img