Средба на деценијата: ќе се сретнат ли Вартоломеј и Кирил на погребот во Грузија?

Date:

Share post:

Смртта на грузискиот патријарх Илија Втори отвори прашање кое ја потресува целата православна јавност: дали на исто место, по долго време, ќе се појават и Вселенскиот патријарх Вартоломеј и московскиот патријарх Кирил?

Погребната церемонија, закажана за 22 март во катедралниот храм „Света Троица“ во Тбилиси, се претвора во потенцијален геополитички и црковен настан од историски размери. Илија Втори, кој ја водеше Грузиската православна црква речиси половина век, зад себе остави наследство на внимателно балансирање помеѓу Цариград и Москва, нешто што денес изгледа речиси невозможно.

Религија.мк, веќе објави дека Вселенскиот патријарх Вартоломеј веќе одржал панихида во Фанар и испратил официјално сочувство до Грузиската црква и дека ќе патува во Тбилиси.

Од друга страна, присуството на московскиот патријарх Кирил се смета за важно, но токму тука започнува драмата. Поради длабокиот раскол меѓу Москва и Цариград, особено по украинското прашање, заедничкото појавување на двајцата патријарси би било преседан.

Ако сепак се случи, тоа би била прва средба по години на отворен конфликт, настан што би одекнал далеку надвор од границите на православниот свет.

Во меѓувреме, вниманието на православната јавност се насочува и кон тоа како ќе реагираат другите помесни цркви, вклучително и Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Во услови на чувствителни односи и недовршени процеси, секој чекор во вакви ситуации има тежина поголема од протокол.

1 COMMENT

  1. Тежина поголема од протокол …
    Дај пријави на филолошки … да те запишат во гатанки …

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img