СПЦ подготвува смена на епископот Јустин, кој ги поддржа студентите

Date:

Share post:

Откако СПЦ екскомуницираше двајца интелектуалци, црковниот суд продолжува со постапката за смена на митрополитот Жички Јустин, кој им ги отвори вратите на храмовите на студентите.

Неговите поддржувачи објавија ново писмо од патријархот Порфириј, според кое утре во Краљево повторно пристигнува комисија на СПЦ, предводена од Бачкиот епископ Иринеј БУловиќ. Целта на комисијата е повторно да ја чешла документацијата на епархијата.

Посебна комисија, која врши контрола на материјално-финансиско работење на епархијата имаше и во Октомеври.

Поддржувачите на Јустин, кои немаат дилема дека тоа е обид за негова смена, најавија утре собир пред епархијата во Краљњево.

Во изминатите месеци Жичката епархија ја посетиле бројни инспекции на СПЦ со цел да утврдат неправилности во работењето, за да се најде оправдување, пред сè, манастирот Студеница да премине под директна контрола на патријархот Порфириј.

Токму во конаците на манастирот Студеница неодамна престојуваа студенти од Нови Пазар кои пеш тргнаа од својот град кон Нови Сад

Да потсетиме, Буловиќ, кој е претседател на комисијата, заедно со патријархот Порфириј за време на престојот во Москва го „информираше“ претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, дека во Србија е во тек „обоена револуција“.

Покрај Буловиќ, член на комисијата е и епископот будимљанско-никшиќки Методиј, кој во претходниот период направи голем пресврт — од епископ кој одбиваше да присуствува на свечен ручек на Андриќев венец, до некој што му доделува одликување на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Доколку Синодот ги потврди овие наводи, митрополитот Јустин би можел да стане првиот епископ кој ќе биде сменет поради поддршка на студентските протести, иако формално ќе биде гонет поради „финансиски прашања“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img