СПЦ го пречека Вартоломеј во Загреб како дома

Date:

Share post:

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј беше пречекан на Аеродромот во Загреб од делегација на СПЦ, предводена од Патријархот Иринеј како и од грчката амбасадорка во Хрватска.

Вартоломеј изјавил дека е почестен со посетата на Хрватска, која е канонско подрачје на СПЦ.

-Повод за мојата посета на Хрватска е желбата сите заедно да оддадеме почит на жртвите од Втората Светска Војна. Културното и цивилизациското ниво на секоја земја се мери со нејзиниот однос кон претците, а особено кон оние кои маченички настрадале служејќи и на својата Татковина. Доаѓајќи од Цариград во Хрватска носам братски поздрави и благослов на сите православни верници, изјавил Вартоломеј.

Вселенскиот патријарх и српската цековна делегација попладневно присуствувале на меѓународниот симпозиум во организација на православната гиманзија на СПЦ во Загреб, а потоа биле и на средба со хрватскиот премиер, Тихомир Орешковиќ.

ГАЛЕРИЈА:

/РЕЛИГИЈА.МК

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img