Од моментот на положувањето на патријархот на цела Грузија, Илија II, во Сионскиот храм до погребот, во сите активни храмови во Грузија ќе се огласуваат жални ѕвона.
Испраќањето на Католикос-патријархот на цела Грузија од Соборниот храм ‘Света Троица’ ќе се изврши во недела, на 22 март, околу 15:00 часот, по што поворката ќе се упати кон Соборниот храм ‘Сион’.
-По положувањето на Неговата Светост во Сионскиот храм, ги замолуваме сите цркви во Мцхета-Тбилиската епархија, како и активните цркви и манастири во епархиите, да ги огласуваат жалните ѕвона до погребот“, се наведува во соопштението на Грузиската патријаршија.
Во врска со погребот на Католикос-патријархот на цела Грузија, Илија II, на 22 март во Тбилиси ќе бидат воведени ограничувања во сообраќајот, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според соопштението, ограничувањата ќе важат и за приватните возила и за јавниот превоз.

