Почетна Вести Христијанство Рускиот архимандрит, редовен гостин на МПЦ, доби забрана за влез во Македонија
Рускиот архимандрит, редовен гостин на МПЦ, доби забрана за влез во Македонија

Рускиот архимандрит, редовен гостин на МПЦ, доби забрана за влез во Македонија

4.88K
4

Шефот на руското црковно подворје во Софија, Васијан Змеев доби забрана за влез во Македонија, дознава Религија.мк

Рускиот архимандрит е на списокот на македонското МНР со уште тројца руски дипломати кои се протерани од Македонија.

Змеев е рускиот црковен претставник на Московската патријаршија, кој изминатава година имаше интензивни посети на Македонија и зачестени средби со Архиепископот Стефан и митрополитите Григориј и Петар. За време на една посета во манастирот Пантелејмон во Нерези служеше помен за загинатите руски војници. Ја има улогата на координатор на Балканот за руските црковни политики, со особено влијание во Бугарија и во Македонија.

Неофицијално Змеев последната година ги координирал сите политики на МПЦ ОА во однос на нејзината црковна дипломатија, што доведе до целосен застој во односите со Вселенската патријаршија за целосно приснавање на автокефалноста на МПЦ ОА.

По директен негов налог е и скандалозната синодска одлука дека МПЦ ОА ќе сослужува со Православната црква на Украина тогаш кога сите цркви ќе ја признаат нејзината автокефалност.

Претседателот Стево Пендаровски пред извесно време обелодени дека според информации од пријателски држави, некои владици на МПЦ ОА биле во соработка со руските безбедносни  служби.

 

Коментар(4)

  1. Дното на македонската меѓународна политика одамна е пробиено. Деновиве видовме како Претседателот на државата си пука во нога и веќе нема штаки што би можеле да му помогнат. Но кога кутрите квислинзи издаваат забрана за движење на еден руски монах на територијата Македонија прават нешто многу далеку посамоубиствено од протерувањето дипломати (кое е за жал е на рамниште на примитивен флерт со валканите псевдо-господари од другата страна на големата бара).

    1. Ангелина, ти како да си против нашиот македонски народ ? Според веста русинов вршел шпионажа на штета на македонската држава и народ. Тие што ги викаш квислинзи се заслужни што сега ние имаме автокефалност !

  2. Epa što sega, arhiepiskopot treba da čeka milost od kvislingot Pendarovski da blagoizvoli da odobri koj da mu dojde na gosti. Krava da gleda ima da se smee.

  3. Pendarovski neka navede što toa MPC raboti tajno što bi bilo predmet na špionaža. MPC ne mora i ne treba vodi ista politika kako i aktuelna ta vlast koja e od promenljiva važnost.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *