РЕЏЕПИ: Нема поголема награда од она да бидеме фактор децата да растат во мир

Date:

Share post:

Поглаварот на Исламската Верска Заедница, Сулејман Реџепи ја прими наградата „За животно постигнување“, што ја доделува американскиот Претседател, Доналд Трамп.

Поглаварот Реџепи е првиот од Македонија кој ја добива оваа престижна награда. Наградата му ја врачи претставник на универзитетот од Флорида за неговите заложби за градење мир и толеранција.

-Денес нашата обврска како народ, но и како верници треба да биде синхронизирана со американските заложби за зачувување на стабилноста на земјата и за чекорење на Македонија како наша мултиетничка држава напред кон евроатланските интеграции. Тоа е и мој личен стремеж, како теолог и водач на муслиманите во Македонија. Нема поголема награда од онаа да бидеме клучен фактор за нашите деца да растат во мир, благосостојба, меѓусебна почит и толеранција, рече поглаварот на ИВЗ, примајќи ја наградата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img