Политичкиот аналитичар, Иво Ранѓеловиќ, во интервју за Прес 24, вели дека војната во Украина е сериозен предизвик за Православната црква и дека силното влијание на политиката на Русија врз руската црква може да придонесе до нови расколи.
-Очигледно е силното влијание на политиката врз руската црква, оттаму и избегнувањето да се осуди руската инвазија. Останатите православни цркви природно е да ја осудат инвазијата бидејќи теолошката мисла не подразбира насилство. Во некои неформални изјави, една од овие цркви ја осуди одлуката да се регрутираат Чеченци кои ќе убиваат православен народ во Украина. Кризата во Украина може да придонесе за поместувања и своевиден раскол во црковните политики на православјето, вели Иво Ранѓеловиќ во интервју за Прес24.

