Ѓаконот Радован Цековски е новиот свештеник на Македонската православна црква. Неговото ракополагање во презвитерски чин, го извршил Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан.
Цековски, кој сега ќе биде свештеник во Скопската епархија е ракоположен во црквата „Свети Архангел Михаил“ во Автокоманда во Скопје. Чинот на ракополагање бил на 21 ноември 2016, на денот кога Црквата ги прославува светиот архистратиг Михаил и останатите небесни сили.
ГАЛЕРИЈА:













